Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО

Американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет денеска објавија десетици декласифицирани документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО) и вонземски живот, во обид да им обезбедат на американските граѓани, како што нарекоа „невидена транспарентност“.
Министерството за одбрана на САД најави дека долго бараните документи и фотографии од „неидентификувани аномални феномени“ ќе бидат објавени во повеќе продолженија како што напредува процесот на декласификација.
Помеѓу приближно 170-те досиеја е фотографија од „неидентификуван феномен“ направена од површината на Месечината за време на лунарната мисија Аполо 12 во 1969 година и транскрипт од екипажот на Аполо 17 во кој се опишани неидентификувани објекти видени од Месечината во 1972 година.
Овие досиеја, скриени зад класифицирани информации, долго време поттикнуваа легитимни шпекулации и време е американскиот народ самиот да се увери, истакна Хегсет.
Објавувањето на записите веројатно ќе предизвика нова дебата за владини тајни и можното постоење на живот во вселената.
– Иако претходните администрации не беа транспарентни по ова прашање, со овие нови документи и видеа, луѓето можат сами да проценат: „ШТО, ПО ЃАВОЛИТЕ, СЕ СЛУЧУВА? Забавувајте се и уживајте! – истакна Трамп.
Објавувањето на документите го поздравија американските претставници Тим Бурчет и Ана Паулина Луна, двајцата застапници на декласификацијата на досиејата за НЛО.
Некои критичари објавувањето на документите го оценија како одвлекување на вниманието од политичките проблеми на Трамп – непопуларната воена кампања на САД против Иран и јавниот притисок за објавување на повеќе досиеја поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
МИА
Ново на Сител
-

Началникот на германскиот Генералштаб, генерал Бројер во посета на АРМ
-

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси
-

Штип добива прв центар за рехабилитација во истокот
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
