Трамп одобри извоз на чипови на „Енвидиа“ за Кина, дел од прометот оди кај САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека, под одредени услови, го одобрил извозот на некои чипови од компанијата „Енвидиа“ (Nvidia) за Кина, откако разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој исто така го одобрил чекорот.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ напиша дека „Енвидиа“ на американската држава ќе ѝ префрли 25 отсто од прометот од продажбата на овие графички процесори (GPU), кои се многу барани за развој на вештачка интелигенција (ВИ).
Станува збор за чиповите H200 од серијата „Хопер“ (Hopper), додека „Енвидиа“ кон крајот на минатата година лансираше нова, поефикасна серија, наречена „Блеквел“ (Blackwell). Според тоа, не станува збор за најнапредните производи на американската компанија.
Извозот на американски чипови за Кина е предмет на тензии веќе неколку години, при што поранешниот претседател Џо Бајден, а по него и неговиот наследник Доналд Трамп, стравуваа дека тие може да се користат за воени цели.
Од 2022 година, администрацијата на Бајден наметна ограничувања за извозот. „Енвидиа“ се справи со тоа со дизајнирање помалку моќен графички процесор, H20, за да одговори на ограничувањата наметнати од САД, и со тоа да добие пристап до кинескиот пазар.
Во април, Владата на Трамп го забрани извозот на чиповите H20, пред да склучи договор со „Енвидиа“ и повторно да ја дозволи продажбата на овие чипови на Кина, наспроти плаќање провизија од 15 отсто на американската држава.
Кинеските власти, сепак, им наложија на компаниите во земјата да не ги купуваат овие чипови, претпочитајќи да дадат предност на развојот и употребата на кинески еквиваленти.
„Енвидиа“ реализираше само 50 милиони долари промет во Кина во третиот квартал годинава и досега не планираше никакви приходи од тој пазар за тековниот квартал.
Согласно договорите објавени денеска од Трамп, компанијата сега ќе може да ги нуди своите графички процесори на „овластени клиенти“ во Кина.
Од „Енвидиа“ ја поздравија одлуката на американската Влада како наоѓање разумен баланс.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Вечерва во 18 часот се осветлува Скопје: Ѓорѓиевски најави богата новогодишна програма на плоштадот „Македонија“
-

ВМРО-ДПМНЕ со своја Резолуција во Собранието
-

Медиуми во Австралија: Крвавот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
-

На грчки брод откриени неколку тони кокаин
-

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
-

Фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј
-

Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава
