Трамп пред средбата со Путин: Ќе се разговара и за територијални отстапки и безбедносни гаранции за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава за новинарите во авионот „Ер форс уан“ на пат за Алјаска, каде денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, најави дека очекува „нешто да произлезе“ од разговорите.
Трамп изјави дека Путин смета оти нападите врз Украина му даваат преговарачка предност, но, според него, тоа му штети. На средбата ќе се разгледуваат и можни територијални отстапки, за кои, како што нагласи, одлуката треба да ја донесе Украина.
Тој додаде дека се можни и безбедносни гаранции за Украина, но не во форма на членство во НАТО, туку преку договор со Европа и други земји. Во однос на економската соработка, Трамп рече дека Русија е заинтересирана за дел од американската економија, но „нема да има деловна активност додека трае војната“.
Трамп го потврди и своето предупредување од почетокот на неделата за „сериозни економски последици“ доколку Путин не покаже интерес за мир, додавајќи дека тоа го прави „за да спаси многу животи“.
МИА
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска