Трамп разговара со Русија и Кина за денуклеаризација

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Вашингтон разговара со Русија и со Кина, земји кои поседуваат најголеми резерви на нуклеарно оружје, за денуклеаризација.
Според податоците на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), Русија има најголем број складирани нуклеарни боеви глави, по што следат САД и Кина.
САД, сепак, ја предводат Русија по бројот на распоредени боеви глави.
Трамп во интервју за телевизијата „Њузмакс“ (Newsmax) истакна дека очекува Кина да ги стигне САД во следните пет години.
- Целата оваа ситуација е срамота, бидејќи би сакал да постигнам денуклеаризација доколку е можно, всушност разговараме за тоа со Русија и Кина, наведе Трамп.
„Њузмакс“ објави дека Трамп разговарал за денуклеаризација со кинескиот претседател Шји Џинпинг.
Договорот за намалување на стратешкото оружје истече пред неколку месеци. Договорот Нов СТАРТ, потпишан во 2010 година, го продолжија за пет години поранешниот американски претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин.
За ново продолжување на Договорот треба да се донесе одлука за доброволно продолжување на ограничувањата предвидени во документот.
МИА
Ново на Сител
-

Шпанија со пресврт ја победи Хрватска
-

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата за појава на чума во Сибир
-

Трамп: Никој не знае кој управува со Иран
-

Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм
-

Киев рано утрово повторно цел на руски напади со ракети и дронови
-

Седница на Судски совет, на дневен ред донесување нов Деловник за работа
-

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
