Трамп: Русија со години ги напаѓа сојузниците на Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Русија со години наназад ги напаѓа сојузниците на Украина, а изјавата ја даде во време кога во Полска постои загриженост поради можни руски напади врз земјите што го поддржуваат Киев, јави ДПА.
„Тие ги напаѓаат украинските сојузници веќе околу пет години“, рече Трамп во Белата куќа, одговарајќи на новинарско прашање.
„Мислам дека сите се согласуваат со тоа“, додаде тој.
Полскиот премиер Доналд Туск пред два дена пред пратениците во полскиот Сејм изјави дека очекува во следните неколку недели да има поинтензивни руски напади врз Украина и нејзините поддржувачи.
Туск изјави дека разузнавачките проценки укажуваат оти би можело да дојде до напади со беспилотни летала и ракети врз земјите што ѝ пружаат поддршка на Украина – вклучително и Полска – кои би изгледале како случајни инциденти, пренесе новинската агенција ПАП, пренесува германската агенција.
Трамп сношти не даде дополнителни детали за типот на заканата.
Американскиот претседател претходно го минимизираше ризикот од руски напад врз НАТО, откако Германија, на почетокот на месецов, ја обвини Москва за обид за напад со беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг.
„Разговарам со него. Добро го познавам. Претседателот Путин нема намера да ја напаѓа територијата на НАТО“, изјави тогаш Трамп, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

„Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
-

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век
-

САД и Данска постигнале напредок во спорот околу Гренланд, договорот ќе се потпише следната недела во Њујорк
-

Челзи претрпе тежок пораз од Брентфорд во Премиер лигата
-

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата
-

Трамп: Русија со години ги напаѓа сојузниците на Украина
-

Пентагон објави нови документи за НЛО
-

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд
