Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја прекине својата нуклеарна програма на разговорите следната недела, додавајќи дека благодарение на нападите на САД врз Иран, војната меѓу Израел и Техеран заврши брзо.
Трамп рече дека неговата одлука да употреби бомби за уништување бункери во нападот во неделата ја уништила нуклеарната програма на Иран, додавајќи дека тоа е „победа за сите“.
„Тоа беше тотално уништување“, рече тој, отфрлајќи ја првичната проценка на Агенцијата за одбранбено разузнавање на САД дека на Иран ќе му требаат само неколку недели за да ја обнови својата нуклеарна програма.
Трамп на самитот на НАТО во Хаг изјави дека не мисли дека Иран повторно ќе се обиде да развие нуклеарно оружје.
Иран со децении наназад ги негираше обвинувањата на западните лидери дека сака да произведува нуклеарно оружје.
-Ќе разговараме следната недела со Иран. Можеби ќе потпишеме договор. Не знам. Не мислам дека е потребно, рече Трамп.
Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, подоцна објави дека доверливи разузнавачки информации укажуваат дека нуклеарната програма на Иран претрпела значителна штета во неодамнешните американски напади, но не кажа дека таа е уништена.
„Новите разузнавачки информации од историски сигурен и точен извор/метод укажуваат дека се уништени неколку од клучните нуклеарни објекти на Иран и дека ќе бидат потребни години за нивно обновување“, рече Ратклиф.
Израелската нуклеарна агенција процени дека нападите „ за многу години ја уназадиле способноста на Иран да развива нуклеарно оружје“.
Белата куќа, исто така, ја пренесе израелската проценка, иако Трамп рече дека не се потпира на израелските разузнавачки информации.
Трамп рече дека е уверен дека Техеран ќе продолжи да го следи дипломатскиот пат кон помирување. Тој не даде детали за тоа каде треба да се одржат разговорите следната недела или кој треба да учествува во нив.
Доколку Иран се обиде да ја обнови својата нуклеарна програма, „ние нема да го дозволиме тоа“, рече тој.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје