Трамп: САД соработуваат со Израел со цел да воспостави подобри односи со Сирија

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека неговата администрација соработува со Израел со цел земјата да постигне добар договор со Сирија, чиј претседател, Ахмед ал-Шара, вчера беше примен од него во Белата куќа.
„Луѓето велат дека ал-Шара имал тешко минато. Сите ние сме имале тешко минато“, им рече Трамп на новинарите, осврнувајќи се на сирискиот претседател, кој до неодамна беше на црната листа на терористи на Вашингтон, пренесоа британските медиуми.
Претходно вчера, по средбата меѓу Трамп и Ал-Шара во Вашингтон, Министерството за финансии на САД објави дека САД привремено, во следните 180 дена, го суспендирале спроведувањето на санкциите од „Законот Цезар“ против Сирија.
Министерството за финансии на САД соопшти дека санкциите се суспендирани освен за одредени трансакции поврзани со Русија и Иран.
Оваа одлука го заменува претходното привремено суспендирање на санкциите што беше воведено на 23 мај.
„Законот Цезар“, именуван по сириски воен дезертер кој, според САД, шверцувал фотографии од жртви на тортура под режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, стапи на сила во јуни 2020 година.
Овие санкции беа насочени против режимот на Ал-Асад и сите оние кои соработуваат со него, особено во секторите енергетика, градежната индустрија и финансиите.
МИА
Ново на Сител
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
