Трамп се закани со масовни напади врз Иран

Американските медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп планира за време на викендот масовни напади врз Иран, вклучително и врз енергетската инфраструктура.
– Јас многу силно ќе го нападнам и знаете, во одреден момент тие ќе кажат: Едноставно не можеме повеќе да издржиме, изјави Трамп на средбата со својот кабинет во претседателската резиденција Кемп Дејвид.
Подоцна „Волстрит џурнал“ објави дека Трамп наредил нов напад со цел да го убеди Техеран да се предаде. Весникот повикувајќи се на неименувани извори наведе дека масовниот напад врз Иран би можел да почне за време на викендот.
„Си-би-ес њуз“ наведе дека САД и Израел планираат заеднички напади врз енергетската инфраструктура во текот на викендот. Целите веројатно ќе вклучуваат локации како што се рафинерии за нафта и електрани.
Додека иранската новинската агенција Тасним цитираше официјален претставник, кој наводите во американските медиуми ги оцени како „форма на неодговорност“
Според него Иран има сеопфатен план за одговор во случај на „потенцијална неодговорност на САД“, како критичната израелска инфраструктура и американска енергетска инфраструктура во регионот.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
