Трамп се заканува со царини за трговските партнери на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе казнени царини за трговските партнери на Иран поради тензиите со земјата.
Во извршна наредба издадена од американскиот претседател вчера се вели дека дополнителни царини „може да се воведат за стоки увезени во Соединетите Држави, кои се производи на која било земја што директно или индиректно купува, увезува или на друг начин стекнува стоки или услуги од Иран“.
Трамп не именуваше конкретни земји, но наведе 25 проценти како пример за можна царинска стапка.
Уредбата воспоставува систем што би дозволил такви дополнителни царини да се воведат врз трговските партнери на Иран, соопшти Белата куќа.
Со посредство на Оман, САД вчера започнаа нова рунда преговори со Иран.
„Тоа беше добар почеток“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, на државната телевизија.
На прашањето дали разговорите ќе продолжат и, доколку е така, кога, Арагчи не се обврза. Првично немаше официјален коментар од САД за состанокот.
Со заканување со казнени царини, Трамп сега го зголемува притисокот врз раководството на Иран.
„Претседателот го смета Иран за одговорен за неговата потрага по нуклеарни капацитети, поддршката за тероризам, развојот на балистички ракети и регионалната дестабилизација што ја загрозува американската безбедност, сојузници и интереси“, соопшти Белата куќа.
Трамп постојано се закануваше на раководството на Иран во Техеран, наведувајќи го нивното брутално задушување на демонстрантите за време на неодамнешните масовни протести, како и на неговата контроверзна нуклеарна програма.
МИА
Ново на Сител
-

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“
-

УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините
-

Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
