Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека секој што го користи терминот „вештачка интелигенција“ е „непријател“, повторно повикувајќи да се користи терминот „суперинтелигенција“.
Трамп денеска на својата онлајн платформа „Трут соушл“ напиша дека терминот што го претпочита неговата администрација е „широко прифатен“ и „попрецизен“.
Трамп инсистира на замена на терминот „вештачка интелигенција“ со „суперинтелигенција“, тврдејќи дека воспоставениот термин прави технологијата да изгледа „лажна“.
Милијардерот во технолошкиот сектор Илон Маск веќе најави планови за преименување на својата компанија за вештачка интелигенција „СпејсИксАИ“ во „СпејсИксСИ“.
И безбедносната заложба што ја потпишаа големите компании за вештачка интелигенција во Белата куќа на крајот на септември исто така го користеше терминот „суперинтелигенција“, потсетува ДПА.
Во меѓувреме, водечките компании во индустријата „ОпенАИ“ и „Антропик“ продолжуваат широко да го користат терминот „вештачка интелигенција“.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
-

Наводи за мобинг во кумановскиот суд - Судскиот совет ја прифати претставката
