Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор за нафта во историјата на светот“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД постигнале договор со Венецуела за мнозинска контрола врз повеќе од 65 милијарди барели докажани резерви на нафта.
Трамп наведе дека е постигнат „најголем договор за нафта во историјата на светот“.
Тој на сопствената мрежа „Трут соушл“ објави преговорите, според негови насоки ги воделе државниот секретар Марко Рубио, министерот за одбрана Пит Хегсет, привремената претседателка на Венецуела Делси Родригез, како и претставници на приватниот сектор.
– Тие обезбедија мнозинска контрола на САД врз повеќе од 65 милијарди барели докажани резерви на нафта во Венецуела, без никакви трошоци за американските даночни обврзници, наведе Трамп.
Но, не се познати деталите за тоа кои приватни компании ќе учествуваат, како точно ќе изгледа „мнозинската контрола“ на САД и кога дополнителната нафта би можела да се појави на американскиот пазар.
Договорот е постигнат речиси девет месеци откако американските сили го соборија и затворија поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро. Оттогаш САД се обидуваат да ги зголемат испораките на венецуелска нафта до американските рафинерии и да ги привлечат американските компании во запоставениот енергетски сектор на Венецуела.
Венецуела сега произведува околу 1,25 милиони барели сурова нафта дневно, многу помалку отколку пред неколку децении. Години на недоволно инвестирање, санкции и лошо управување сериозно ја оштетија нејзината нафтена инфраструктура.
Родригез го поздрави договорот, истакнувајќи оти тој ќе има значително влијание врз економското закрепнување на земјата.
Ново на Сител
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
-

Земјоделците во Прилепско ги пријавуваат штетите од невремето, најголеми на тутунот и пиперката
-

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства
-

ПСЖ повторно се спаси од пораз во Лига 1
