Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави пред новинарите во Вашингтон дека е разочаран од рускиот лидер и не мисли дека Владимир Путин ќе ја запре војната во Украина.
- „Многу сум разочаран од разговорот што го имав со Владимир Путин. Мислам дека тој не сака да ја запре војната и тоа е многу лошо. Нема никаков напредок со него“, кажа Трамп.
Само неколку часа по речиси едночасовниот разговор, Русија жестоко го нападна Киев со дронови. Градските власти кажаа дека се повредени најмалку 23 луѓе и дека има запалени згради и автомобили низ целиот град. Тревогата за воздушен напад била во сила повеќе од осум часа откако Русија лансирала 539 дронови и 11 проектили кон Украина во неколку серии, објавија украинските воздушни сили.
- „Главната мета на нападите беше Киев. Има штети во шест од десетте окрузи од двете страни на реката Днипро. Остатоци од дронови предизвикаа пожар во болница“, кажа градоначалникот на Киев, Витали Кличко.
Трамп кажа дека САД не ги прекинале во целост испораките на оружје во Украина, туку го обвини својот претходник Џо Бајден дека праќал премногу оружје на штета на американската одбрана.
- „Даваме оружје, но досега дававме премногу. Се обидуваме да им помогнеме, но Бајден ги испразни залихите низ целата земја, а мора да имаме доволно за нас“, појасни Трамп.
Обидите на САД да ја прекинат војната во Украина преку дипломатија се во застој и Трамп се соочува со сè погласни повици, вклучително и од некои републиканци, да го зголеми притисокот врз Путин.
Трамп денеска планира да се слушне и со Володимир Зеленски.
Ново на Сител
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани