Трамп во интервју за Си-Би-Ес: Верувам дека војната во Украина ќе заврши, и тоа наскоро

Американскиот претседател Доналд Трамп верува дека војната во Украина наскоро ќе заврши, јави ДПА.
Трамп во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес вчера изјави: „мислам дека ќе го решиме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, а Украина на крајот ќе има малку поинаков облик“.
Русија долго време бара Украина да се откаже од Крим и од четири други окупирани региони како дел од каков било договор за ставање крај на војната – услов што Киев постојано го одбива.
Трамп изјави дека најголемата пречка за мирот е „огромната омраза“ меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува германската агенција.
На прашањето дали тоа е разбирливо однесување на Зеленски, со оглед на фактот дека Украина е нападната, Трамп одговори потврдно.
„Но, кога ја имаа својата прва средба, кон Русија беше покажано големо непочитување“, додаде тој.
Трамп наведе дека има добри односи со двајцата претседатели.
„Верувам дека таа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас.“
Американската администрација се гледа себеси како посредник во војната на Русија против Украина.
Американскиот претседател неодамна се соочи и со критики во својата земја поради обидите да изгради поблиски односи со Русија.
Украински и руски претставници утре треба да се сретнат во Абу Даби, со посредство на САД, како дел од дипломатските напори за ставање крај на војната, пренесува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
-

Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
-

За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство
-

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот
-

34-годишник се обидел да силува 22-годишна девојка во струмичко
-

Кривична за 38 годишен тетовец, оставил писмени закани кон деканот и останатите професори на факултетот
-

До крајот на годината „Безбеден град“ ќе казнува непрописно паркирање и запирање на булеварите
-

Дендијас: Западен Балкан е потенцијален извор на дестабилизација, Европа не смее да го занемари
