Трамп за новиот ирански лидер: Ќе видиме што ќе се случи

Американскиот претседател Доналд Трамп даде краток коментар по веста дека Моџтаба Хамнеи е избран за нов врховен лидер на Иран, изјавувајќи во интервју за „Тајмс оф Израел“: „Ќе видиме што ќе се случи“.
Трамп рече дека одлуката кога ќе заврши војната со Иран ќе ја донесе „заедно“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но притоа навести дека конечниот збор ќе биде негов.
– Мислам дека (одлуката) ќе биде заедничка… донекаде. Ние разговараме. Ќе донесам одлука во вистински момент, но ќе ги земеме предвид сите фактори, изјави американскиот претседател.
Тој додаде дека без него и Нетанјаху, Иран би го уништил Израел.
Трамп повторно го изрази и незадоволството што израелскиот претседател Исак Херцог не го помилувал Нетанјаху во случајот за корупција.
– Кажете му на тој претседател веднаш да го помилува, рече Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
-

Преглед на вестите од светот
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
