Тренчевска: До крајот на месецот конкретни мерки за поддршка на животниот стандард на пензионерите
Верувам дека до крајот на месецот ќе имаме конкретни мерки со коишто ќе го поддржиме животниот стандард на пензионерите, особено на оние пензионери со ниски пензии, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска одговарајќи на новинарски прашања.
Тренчевска, на прашањето дали повторно ќе се преговара со пензионерите, информира дека утрово го добила извештајот од работната група и оти ќе го проследи до Влада, за да се одлучи какви мерки ќе се креираат.
На прашањето за реакциите на некои пензионери кои тврдат дека добиле зголемување само од 200 до 300 денари, Тренчевска кажа дека таа информација не е точна.
-Не може да биде 200, 300, затоа што процентот 5,3 е согласно податоците од Државниот завод за статистика. Јас претпоставувам од која кујна е излезено 6,8 проценти, затоа што 6,8 ниту јас, ниту било кој претставник на Владата има изјавено. Моите изјави беа помеѓу 5 и 6, и околу 6, меѓутоа податоците секогаш велев ќе ги почекаме податоците од ДЗС. Тоа е институцијата која што ги дава податоците за индексот на просек на живот,индексот на просечната плата за порастот на просечната плата. Така да, ако има некој 200 или 300 слободно нека пријави во МТСП затоа што тоа е систем на пресметка. Јас не верувам дека некој има 200, или 300 денари добиено зголемување односно усогласување затоа што ако најниската пензија беше 12.500, на тоа кога ќе преметате 5,3 е околу 800 денари, рече Тренчевска по промоцијата на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.
Ново на Сител
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН