Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција
Една третина од жителите на Германија се загрижени дека ќе ја изгубат работата поради експанзијата на вештачката интелигенција (ВИ), покажаа резултатите од анкетата нарачана од агенцијата ДПА.
Спроведена од институтот за анкети YouGov, анкетата врз 2.175 лица покажа дека 34% од испитаниците се загрижени за нивниот работен статус поради ВИ, додека 62% не се чувствуваат загрозени.
Иако не се забележани значајни разлики меѓу поддржувачите на различните политички партии во земјата, работниците што живеат во урбаните средини и оние со ниско ниво на образование повеќе се плашат дека ќе бидат заменети од вештачката интелигенција во иднина.
Според анкета објавена од Институтот Ифо објавена во јуни, околу 27% од компаниите во Германија претпоставуваат дека вештачката интелигенција ќе доведе до губење на работни места во следните пет години.
Околу 5% од компаниите очекуваат дополнителни работни места како резултат на вештачката интелигенција, додека две третини не очекуваат никаква промена.
Откако американската компанија OpenAI го објави својот прв голем јазичен модел, ChatGPT, во ноември 2022 година, развојот на моделите со вештачка интелигенција постигнаа огромен напредок. Бранот модели со вештачка интелигенција што оттогаш ги создадоа разни компании се подобри во однос на логиката, ефикасноста, скалабилноста и истовремената обработка на текст, слики, аудио, видео и други формати.
МИА
Ново на Сител
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен