Македонија
11. September 2026 - 12:54

Трето државно квиз првенство

Македонската Квиз Асоцијација (МКА) го организира третото државно квиз првенство на Македонија во просториите на Base42 (Римска 25. Скопје) на 13.09.2026 со почеток во 11:00 часот.

Натпреварувачите повторно ќе имаат можност да се борат за титулите државен првак во две категории: поединечно и во парови.

ПОЕДИНЕЧНО ПРВЕНСТВО

Настанот во поединечна конкуренција се состои од 8 теми по 25 прашања, поделени во два дела од по 4 теми, односно по 100 прашања во секој дел.

Времето за решавање на секој од двата дела е еден час.

Автор на квизот е Бари Исени, актуелниот државен шампион во поединечна конкуренција.

ПРВЕНСТВО ВО ПАРОВИ

Квизот во парови се состои од вкупно 150 прашања, распоредени во два дела.

Првиот дел се состои од 100 прашања, а времето за решавање е еден час. Најдобрите парови ќе обезбедат место во финалето, каде што за време од 30 минути ќе го тестираат своето знаење на уште 50 прашања.

Автори на квизот се актуелните државни шампиони во парови – Зоран Јорданов и Мартин Мајк Петрески.

КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата од 200/300 денари може да се уплати на лице место на денот на одржување на првенството или на жиро-сметката на МКА: 210075841210139

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето можете да го направите на следниот линк:

https://forms.gle/XExzrP6BAuutqbxD7

Ве очекуваме на третото Државно квиз првенство на Македонија и на заедничкиот почеток на новата квиз-сезона 2026/27!

Повеќе детали за квизовите и начинот на пријавување може да добиете на страницата за настанот:

https://www.facebook.com/events/1561890044894639

како и на официјалната Facebook страница на Македонската Квиз Асоцијација:

https://www.facebook.com/makedonska.kviz.asocijacija