Три девојчиња тепаат и снимаат 11-годишна малолетничка во Чаир | ВИДЕО
СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20.06.2025 околу 14:00 часот на ул. „Павле Илиќ“ во Скопје, во близина на угостителски објект, 11-годишно девојче било физички нападнато од страна на три девојчиња, а едно девојче го снимало нападот со мобилен телефон.
Деновиве видеото од нападот било објавено на социјалните мрежи и на еден портал, а настанот на 01.09.2025 во полициска станица го пријавил и таткото на нападнатото девојче, кој кажал дека за настанот дознал од социјалните мрежи, а неговата ќерка не му кажала ништо поради страв да не биде нападната повторно.
Малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци во врска со кривичните дела „насилство“ и „неовластено снимање“.
Ново на Сител
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука