Три лица се приведени за управување на возило под дејство на алкохол
Во три одвоени случаи на подрачјата на СВР Куманово, СВР Тетово и СВР Охрид од слобода се лишени три лица, а врз основа на чл. 297 –а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
МВР соопшти дека во 00.07 часот во близина на селото Младо Нагоричане полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(41) од село Јачинце, кумановско, откако кај него при контрола констатирале присуство на 1,92 промии алкохол во крвта. Лицето веднаш е исклучено од сообраќај и е задржано во полициска станица. Потоа во 00.30 часот на улицата „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, го лишиле од слобода Н.М.(54) од Гостивар кој управувал патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистерски таблици, под дејство на алкохол, односно со утврдени 1,77 промили алкохол во крвта. И во 01,40 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија М.Х.(21) од Скопје, кај кој што при контрола во патниот сообраќај, управувајќи патнички автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, било констатирано дека имал 1,78 промили алкохол во крвта. М.Х. веднаш е исклучено од сообраќај.
Против овие лица по целосно документирање на случаите, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобзирно управување со моторно возило“, најави МВР.
Ново на Сител
-
Отпорноста на антибиотици може да убива милиони луѓе во светот
-
Кривична пријава за Кичевчанец, нападнал адвокат во судница во Дебар
-
Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари
-
Поевтинуваат бензините од полноќ, ова се новите цени
-
Познат идентитетот на починатото лице пронајдено во Охрид
-
Скопјанка донесе на свет женско бебе во амбулантно возило на пат кон болница | ФОТО
-
Кос: Комплицирана ситуација со патот на Србија кон ЕУ
-
Апел за рационално користење на водата: Зголемената потрошувачка предизвикува прекини и намален притисок во Скопје