Свет
9. July 2026 - 8:49

Три лица убиени во руски напади врз регионот Доњецк, една жртва и во Херсонската област

Три лица загинаа синоќа во руски воздушен напад во градот Дружкивка во украинскиот регион Доњецк, соопшти Канцеларијата на регионалниот обвинител. Погодена била куќа, при што се повредени и две жени. Една жртва има и во руските напади во регионот Херсон.

„Руските сили ја нападнаа Дружкивка со воздушна бомба ‘ФАБ-250’. Убиени се две жени, на возраст од 71 и 74 години, и еден 56-годишен маж“, се вели во соопштението на обвинителството на регионот Доњецк.

Повредените жени се на возраст од 46 и 79 години.

Маж роден во 1954 година е жртвата во селото Красносилске во регионот Херсон, објави началникот на воената администрација на регионот Херсон, Олександр Прокудин,на својот „Телеграм“ профил.

 

МИА