Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево

Три одделни случаи на семејно насилство се регистрирани во текот на вчерашниот ден во Битола, Куманово и Кичево, при што се приведени три лица осомничени за физички напади врз членови на нивните семејства, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во Битола, во раните утрински часови, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 51-годишниот Т.С., кој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 54-годишна сопруга, при што користел метални и дрвени предмети. По интервенцијата, судија од Основниот суд Битола му одредил мерка притвор.
Во Куманово, пак, во вечерните часови бил приведен 28-годишниот Н.Ј. од кумановско село, кој физички ја нападнал својата мајка. Од полицијата наведуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претходно, во Кичево, полицијата го лишила од слобода 48-годишниот А.А., осомничен дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 40-годишна вонбрачна партнерка. Според пријавата, нападот се случил ден претходно. И за овој случај најавена е соодветна кривична пријава по негово целосно расчистување.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
