Тридневна жалост во Македонска Каменица откако трактор прегази 13 годишно момче
Триденевна жалост во Македонска Каменица поради трагичниот настан во кој животото го загуби 13 годишно момче. Вчера попладне околу 15.30 на локален пат кон селото Саса, 58 годишен жител се превезувал со трактор „ИМТ“ со приколка.
Во еден момент изгубил контрола и излетал од патот и паднал во река. Со тракторот се превезувало и малолетното дете кое паднало и било прегазено, по што починало. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен на лекување во штипската Клиничка болница.
Поради овој немил настан, кој во црно го зави семејството Стојковски од Македонска Каменица, градоначалникот и Советот на општината донеа одлука да бидат откажани се сите настани во рамки на манифестацијата „Каменичко културно лето“ од 26-ти до 28 август, а ќе изостане и утрешната свеченост по повод „Денот на рударите“.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар