„Трипедвајзор“: Најдобрите европски плажи за 2025 година

Порталот за туризам „Трипедвајзор“ (Tripadvisor) објави топ-листа под наслов „Најдобри плажи за 2025 година“ во Европа. Најголемата светска платформа за патувања и совети го состави својот список врз основа на податоците од прегледите на својата страница.
Така, најдобрите нам најблиски плажи, според списокот, се: Плажата Елафониси, Крит, Грција; Миртос, Кефалонија, Грција; Плажата Фаласарна, Крит, Грција; Заливот Ентони Квин, Родос, Грција; Плажата Изтузу, Далјан, Турција; Плажата Коњаалти, Анталија, Турција; Заливот Конос, Аја Напа, Кипар; и Плажата Макронисос, Аја Напа, Кипар.
Листата продолжува со: Спјаџа деј Кониљи, Сицилија, Италија; Плажата Тропеа, Калабрија, Италија; Кала Мариолу, Сардинија, Италија; Спјаџа ла Чинта, Сардинија, Италија...
На списокот се наоѓаат и подалечните: Плажата Фалесија, Алгарве, Португалија; Праја дос Трес Ирмаос, Алвор, Португалија; Плажата Барил, Тавира, Португалија; Плаја де Муро, Мајорка, Шпанија; Плажата Маспаломас, Гран Канарија, Шпанија; Плажата Паломбаџа, Корзика, Франција; Плаж де Санта Џулија, Корзика, Франција; Плажата Кофете, Фуертевентура, Шпанија; Плажата Сес Илетес, Форментера, Шпанија; Плажата Назаре, Назаре, Португалија; Рејнисфјара, Исланд; Плажата Вејмут, Вејмут, Обединетото Кралство; Горелстон-На-Море, Обединето Кралство.
Ново на Сител
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
