Македонија
26. May 2025 - 7:59

Тркалезна маса - „Предизвици во националното алармирање за исчезнати деца“

По повод Меѓународниот ден на исчезнати деца денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса „Предизвици во националното алармирање за исчезнати деца“ во организација на невладината организација „Новинари за човекови права“.

Целта е, како што се посочува, да се дискутира за можностите и предизвиците во процесот на законско усогласување и потребни измени во насока на унифицирање на систем на национално алармирање за исчезнати деца.

- Целта е да се споделат мислењата, ставовите, како и да се продискутираат можностите помеѓу засегнатите страни - институции, медиуми и други даватели на услуги за ефективно имплементирање на унифицирани протоколи за алармирање. Заклучоците од тркалезната маса би послужиле како предлог - стратегии за законски измени со цел институционализирање на системот за алармирање за исчезнати деца, информираат организаторите.