Македонија
5. July 2023 - 16:59

Тројца судии во битка за 2 места во Судскиот Совет- ЕУ испраќа Оценска мисија за состојбите во Судски

Тројца кандидати за две слободни места ќе се избираат во Судскиот совет. Претседателот на судот во Кавадарци- Лазар Нанев, Антоанета Димовска од Граѓанскиот суд Скопје и судијата од Врховен, Наке Георгиев, се на кандидатската листа која денеска беше утврдена од членовите на Судски совет.

Советот вчера ја запре дисциплинската која според информациите се однесувала за судијата од Врховен Георгиев. На затворената седница, Советот одлучил дека постапката за негово разрешување била неоснована.

Советот го прифати и приговорот на кандидатот Лазар Нанев, кој аплицирал со непотполна документација и првично не се најде на листата на што реагираше поранешната претседателка Весна Дамева.

Нов член во Советот извесно е дека ќе биде Наке Георгиев, како единствен кандидат за местото кое му припаѓа на судија од Врховен суд, а кое го ослободи судијката Мирјана Радевска Стефкова.

За местото член од скопско апелационо подрачје, ќе се избира од двајца кандидати.

Гласањето е на 13 јули, а следи по оставките на двајцата членови кои заминаа по низата скандали во Советот.