Тројца загинати, две исчезнати и седуммина повредени во пожар во фабрика во грчкиот град Трикала

Безживотните тела на три жени биле извлечени по гаснењето на пожарот што околу 4 часот утрово избувна во фабриката за производство на бисквити „Виоланда“ во грчкиот град Трикала, додека пак исчезнати се уште две вработени, а повредени се седум лица.
Според локалните медиуми, пожарот избувнал за време на ноќната смена со 13 вработени во погонот за производство и печење бисквити, при што имало и експлозии, а причините засега се непознати.
Експлозиите, според истите информации биле толку силни што се слушнале и во околните села и во центарот на Трикала што е на околу шест километри од фабриката.
Противпожарната служба интервенираше со 40 пожарникари со 13 возила, а помагаа и цистерни од општината.
Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис говорејќи за телевизијата „Скај“ рече дека во болницата во Трикала се пренесени шестмина вработени и еден пожарникар, сите се во добра состојба, генерално со проблеми со дишењето.
МИА
Ново на Сител
-

Гренланд спречи неовластени нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп
-

Ставањето коцка мраз на задниот дел од вратот може да помогне во намалување на анксиозноста за неколку минути
-

Сообраќајка на магистралата Гостивар - Кичево, повредени три деца и една жена
-

Мицкоски: Жртвата на бранителите - трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена
-

Град Скопје: Се реконструира главниот мост над Маркова Река, можно отежнато одвивање на сообраќајот
-

Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја
