Tрудовите инспектори на терен укажуваат да се почитуваат препораките за заштита од топлото време
Трудовите инспектори на терен укажуваат да се почитуваат препораките за заштита од топлото време. Некои работодавачи ги ослободиле од работни обврски градежните работници во периодот од 12 до 17 часот , други пак поради зацртаните рокови за градба работеле и на горештините. Од трудовиот инспекторат за Сител велат дека станува збор само за препораки и не можеле да казнуваат зошто земјава е во жолта фаза, а само во портокалова и црвена може да наредат стопирање на работниот процес. Во меѓувреме инспекторите советувале оние кои работат на отворено да прават почести паузи. Вчера по предлог на министерството за здравство Владата донесе нови мерки за ранливите категории.
-Владата на Република Македонија, донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, во периодот од утре (22 јули) до вторник (28 јули), изјави д-р Јованка Костовска, државен советник во министерството за здравство.
Од скопската Брза помош информираат дека полека се стабилизира состојбата со повиците. Денеска немало регистрирано колабирање на јавно место, а вообичаени биле и интервенциите кај хронично болните лица.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
