Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години

Турскиот парламент усвои закон со кој им се забранува пристап до социјални медиуми на деца помлади од 15 години, во обид да се засили заштитата на малолетниците во дигиталниот простор. Согласно новите законски одредби, децата под 15-годишна возраст нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, додека дигиталните платформи ќе бидат обврзани да воведат ефикасни системи за проверка на возраста на корисниците.
Платформите ќе бидат обврзани да обезбедат јасни, разбирливи и лесно достапни алатки за родителски надзор. Овие алатки ќе овозможуваат управување со поставките на корисничките профили, како и контрола на активности што вклучуваат плаќања – како купувања, изнајмувања и претплати кои ќе можат да се извршуваат само со претходна согласност од родителите, како и следење и ограничување на времето поминато на платформите, јави ТРТ.
Давателите на услуги на социјалните мрежи, меѓу другото, ќе имаат обврска да преземат мерки за спречување на измамничко огласување. Според законот, странските платформи за онлајн игри со повеќе од 100.000 дневни корисници од Турција ќе треба да назначат официјален претставник во земјата, со цел да се обезбеди доследно спроведување на правилата и усогласеност со националното законодавство.
МИА
Ново на Сител
-

Кариерен ден што ги отвора вратите за младите
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
