Турски лекар го создал првиот уринарен тест за откривање на Ковид-19

Турски лекар, специјалист за физикална терапија и рехабилитација, Мехмет Сехан Курулмус разви сет кој го детектира коронавирусот во примерок од урина, јавува Агенцијата Анадолу (АА).
Тој рече дека на развојот на сетот работел од март годинава и дека со помош на тој тест за само 15 секунди може да се детектираат специфичните елементи на коронавирусот кој предизвикува инфекција со ковид-19.
„Тестот добил одобрение од низа локални медицински институции и е лиценциран од страна на Министерството за здравство на Турција“, рече Куртулмус.
Истакнувајќи дека се покажало како уринарниот тест е многу посигурен од другите видови кои постојат на пазарот, Куртумус рече дека научниот труд за тоа ќе биде објавен во меѓународно научно списание.
„Наша цел беше да направиме тест кој луѓето ќе можат да го користат за тестирање на коронавирус на што посигурен, побрз и побезбеден начин“, рече Куртулмус и додаде дека тоа е прв уринарен тест за коронавирус.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
