Туск: Полјаците под итно да заминат од Иран

Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска ги повика Полјаците во ниту еден случај да не патуваат во Иран, а тие што се таму под итно да заминат од Исламската Република, бидејќи многу реално е дека ќе избие конфликт.
– Не сакам никого да плашам, но сите знаеме за што зборувам. Можноста за избувнување на конфликт е многу реална. За неколку или неколку десетици часа, евакуацијата повеќе нема да биде опција. Ве молам, сфатете го сериозно. Претходните искуства покажуваат дека некои ги игнорирале ваквите апели, посочи Туск, кој заедно со министерот за одбрана присуствуваше на тестирањето на нови вооружени системи во градот Желонка.
И полското Министерство за надворешни работи упати апел до Полјаците да го напуштат Иран, а на полските државјани кои долго време живеат и работат во Исламската Република им се препорачува да избегнуваат собири и протести.
Ново на Сител
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
