Loading Video...
Свет
16. February 2026 - 12:17

Преглед на вестите од светот

Американскиот државен секретар Марко Рубио по посета на Братислава, каде имаше средба со словачкиот премиер Роберт Фиц пристигна во Унгарија и во текот на денешниот ден треба да има средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, додека со шефот на унгарската дипломатија Петер ќе потпишат договор за нуклеарна соработка и да разговара за билатералните односи и перспективите за мир во Украина.

Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас. Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.

Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток ќе издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава. Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.

Силни дождови, ненадејни поплави и силни ветрови ги прекинаа електричните врски на десетици илјади луѓе низ Северниот Остров на Нов Зеланд во текот на денешниот ден.  Повеќе од 30.000 објекти останаа без струја, вклучувајќи околу 10.000 клиенти во Велингтон, соопштија властите, кои ги повикаа возачите да не се движат по патиштата, додека неколку училишта беа затворени, а екипите за итни случаи се справуваа со широката штета. Се предвидува дека бурата да донесе обилни дождови, а властите предупредуваат за понатамошни прекини. Повеќето летови во и од Велингтон, главниот град на земјата, беа откажани или одложени.

Карневалите во неколку држави носат радост, забава за учесниците, но и за посетителите. Улиците на Рио де Жанеиро оживеаја во недела за време на сезоната на карневалите. Се одржуваа 56 официјални улични забави, прикажувајќи живи музички и танцови традиции.

„Блокос де руа“ или улични блокови се во суштина мобилни забави кои парадираат низ градот за време на сезоната на карневалите. Овие забави се карактеризираат со големи групи луѓе кои следат звучен камион или музичари низ улиците, честопати танцувајќи и пеејќи заедно со самба, фанк и други популарни бразилски музички жанрови.

Илјадници Хрвати парадираа низ улиците за традиционалниот карневал во Риека. Едни од трајните традиционални фигури се Звончари, или ѕвонари, маскирани мажи кои носат огромни месингани ѕвона кои шетаат наоколу правејќи пеколна бучава за да ги исплашат темнината и злите духови на зимата и да ја најават пролетта.

Карвенвалите се дел од традицијата во овој период од годината и во Шпанија и во Аргентина.