-->
-->
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-->

46-годишниот гевгеличанец, кој беше пријавен дека три месеци следел и вознемирувал жител на Скопје и неговите три деца, вчераутро е уапсен во главниот град, соопшти МВР.
„На 29.04.2025 во 08:50 часот на ул. „Павел Шатев“ во Скопје полициски службеници го привеле Б.Т. (46) од Гевгелија, со престој во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик. Пријавениот во периодот од 29.01.2025 до 29.04.2025 го следел оштетениот при доаѓање или одење од работното место, како и неговите деца додека оделе во училиште.
Против Б.Т. е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје“, велат од полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
