„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
Германската компанија Костал е приказна за успех што ја движи македонската економија. И покрај сите глобални предзвици компанијата очекува раст на своите приходи помеѓу 280 и 300 милиони евра и ќе биде во првите 5 извозници од нашата земја, истакна премиерот Христијан Мицкоски на прославата по повод 10-годишнината од работењето на „Костал“ во Македонија.
Во рамките на Костал групацијата македонската локација е втора најголема од 7 производствени погони во Европа.
Мицкоски, како што рече, очекува приходите и бројот на вработените на компанијата да растат во наредниот период.
Германскиот инвеститор, кој произведува високо софистицирана опрема за автомобилската индустрија, во изминатата деценија се етаблираше како еден од најзначајните економски двигатели во регионот и државата.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
