Уапсен Миле Кекин, поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“

Во Хрватска е уапсен Миле Кекин, поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“, објави хрватската РТЛ.
Медиумите ја објавија информацијата за апсењето на Какин како ударна вест, но без дополнителни детали за причините за неговиот притвор.
Миле Кекин е сопруг на Ивана Кекин, која беше кандидат за претседател на Хрватска на изборите одржани во декември 2024 година.
Според неофицијални информации на загрепскиот весник „Јутарњи лист“, во центарот на интересот на истрагата е Јелена Пероса, до неодамна раководител на Управното одделение за просторно планирање и управување со градски имот во Буја.
Полицијата, како што се наведува, по налог на Канцеларијата за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) утринава тропнала на нејзината врата, а упаднала и во фирмата на нејзиниот сопруг Дамир во центарот на Бује. Освен брачната двојка Перос, на мета на инспекторите наводно биле и градоначалникот на Буја, Фабрицио Вижинтин и уште неколку лица поради сомневање за серија злоупотреби.
Станува збор, меѓу другото, за посредување во врска со градско земјиште, а наводно една од сомнителните зделки е поврзана со земјиштето во Момјан на брачниот пар Кекин, пишува „Јутарњи лист“.
Ново на Сител
-

Коцевски поднесе оставка пред собраниската седница за негово разрешување
-

Собранието ја констатираше оставката на Коцевски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Никој нејќе да биде дел од раководството на СДСМ, Филипче да поднесе оставка
-

СДСМ ја лансираше платформата М.И.Ц.К.О, ги повика граѓаните да пријавуваат криминал и корупција
-

Откупена половина од годинешната реколта на тутунот
-

Засилени инспекциски контроли и мерки за намалување на аерозагадувањето во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
