Уапсен охриѓанец за лажни сообраќајни, измамил граѓани за 60.000 евра
Вчера (04.02.2026) од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода бил П.С.(38) од Охрид.
Како што информираа од МВР, по извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари.
„До ОЈО Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип П.С. е спроведен пред Судија на претходна постапка при што му е одредена мерка притвор“, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
