Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока.
Четири возачи во Скопје, двајца во Гостивар и по еден во Тетово и Битола возеле без возачка дозвола.
По еден возач во Тетово и Куманово управувале возило со брзина многу поголема од дозволеното. По еден возач во Тетово и Струмица возеле под дејство на алкохол, додека еден возач во Ресен возел со активна забрана и еден возач во Велес возел во спротивна насока. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
