Македонија
30. May 2025 - 10:33

Уапсени малолетници кои со автоматска пушка пукале во куќа во Тетово

На 29.05.2025 во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово -Попова Шапка, на влез во с.Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од с.Гајре, поради сомнение дека на 26.05.2025 околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово. Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ново на Сител