-->
-->
УЕФА ја казни англиската репрезентација поради расизам
-->

Фудбалската федерација на Англија доби условна забрана за продажба на билети за гостински натпревари поради „расистичко и/или дискриминаторско однесување“ од навивачите за време на победата од 3-2 над Шпанија во Мадрид изминатиот викенд, објави УЕФА.
Забраната од еден натпревар е привремена и ќе важи две години.
Фудбалската асоцијација е исто така казнета со 15.000 евра.
Казната, како што е образложено, е поврзана со антикатолички и антиирски скандирања што можеа да се слушнат за време на натпреварот во шпанската престолнина.
Англија ја прекина серијата од 43 натпревари без пораз на Шпанија со головите на Хари Кејн, Езри Конса и Бен Вајт.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски за насилството врз жените - Шокиран сум!
-

Премиерот најави три нови мерки за младите
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор за безбедност
-

Прилепската болница доби нов ЕМГ апарат, овие пациенти сега не мора да одат во Скопје
-

Струмичани ќе предлагаат решенија за нов изглед на плоштадот Гоце Делчев
-

„One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија
-

Рама: Не сакам да држам лекции но уставните измени се неизбежни
-

Годишна конференција на младите на ВМРО-ДПМНЕ
