УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Во изминатите 24 часа до 08 часот денеска наврнаа 18 литри дожд на квадратен метар во Битола, седум во Демир Капија, четири во Маврови Анови, три во Гевгелија и еден во Лазарополе и Тополчани, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во попладневните часови денеска ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степен.
Во Скопје попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде до 31 степен, информираат од УХМР.
МИА
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
