УХМР: Во вчерашното невреме на повеќе локации во државата беа регистрирани оркански удари на ветер

Исклучително високи вредности на удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности регистрираше Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР) во текот на вчерашното невреме, врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици. На повеќе локации во државата, според податоците на УХМР, беа регистрирани оркански удари на ветер со брзина од над 130 километри на час, што претставува редок и разорувачки метеоролошки настан.
- Од 47 мерни места за ветер во Републиката, олуја и олуен ветер со брзина од 62 до 88 километри на час е регистриран на 12 мерни места, силна олуја со брзина од 88 до 102 километри на час на 6 мерни места, орканска/ураганска олуја со брзина од 102 до 117 километри на час на едно мерно место, а оркан/ураган со брзина над 118 километри на час на 3 автоматски метеоролошки станици. На останатите мерни места е регистриран ветер со јачина под 62 километри на час, соопшти УХМР.
Оркан/ураган според класификацијата за јачина на ветер, претставува ветер чија брзина надминува 118 километри на час, прецизираат од УХМР и велат дека тоа е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и значајни штети во пошироки размери.
- На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17:00 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 километри на час со правец запад-северозапад (WNW). Во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 километри на час со правец север-северозапад (NNW). Ветер со истата јачина од 130 километри на час е регистриран и на Автоматската метеоролошка станица Ново Село во Струмица, во 17:50 часот, со правец северозапад (NW).
Мониторингот на карактеристиките на ветерот, како што велат од УХМР, се врши со специјализирани сензори и стандардни процедури, обезбедувајќи континуирани и прецизни податоци за струјното поле на ветерот.
МИА
Ново на Сител
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
-

Заврши конзервацијата и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение која траеше 5 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Саем за туризам во Крушево - Адреналински парк, спа центри, мали локални винарии, разни специјалитети
-

Тема на денот со Бујар Османи, потпретседател на ДУИ
