УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023 објавен на ден 23.03.2023 година.
-Ова значи дека сите корисници на МојДДВ ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6., наведува УЈП.
Исплатите со зголемен максимален износ од 2 100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај.
Според УЈП, во моментов апликацијата МојДДВ ја користат 523 673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу шест милијарди денари.
Ново на Сител
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор