УЈП бара над 10.000 граѓани кои работеле во странство да платат данок на доход, граѓаните револтирани, планират да ја напуштат државата
Стасе Јанаковски над 25 години работи на брод. Пред 3 недели добил решение од УЈП во кое бараат да плати данок на заработените пари во 2020 та година. Зачуден дека до сега никогаш не добил вакво писмо, посебно што неговите колеги од другите држави се изземени од вакви давачки, револтиран, планира да ја напушти државата.
-Која ми е ползата да работам во странство, кога сопствената државата не ме заштитува. Ова се сериозен финансики удар за секого.. Над 9,000 лица кои работат на брод се од Куманово и Велес. , каде сењ останатите, сезонско ангажирани лица кои работеле во старнство, вели Стасе Јанаковски.
Стасе планира да го обжали решението. Се надева дека законот не е ретроактивен, затоа што заработените пари пред 5 години веќе се потрошени. На ист став е и лице од Велес. Работи на брод над 10 години. Прв пат решение од УЈП и стигнало сега.
Но директорката на УЈП вели – законот е јасен. Сите резиденти треба да го пријават и оданочат осварениот доход, без разлика во која земја ги заработиел парите. Решенија да платат испратиле до 10 илајди граѓани. Доброволно до сега платиле само 1,200 лица
-Процесот на оданочување е се уште во тек. За овие 2.500 лица пресметаниот данок изнесува скоро еден милион евра, но тие се една четвртина од тие што досега сме ги повикале да го пријават и оданочат својот доход, изјави Елена Петрова, директор на УЈП.
Согласно законот, ако граѓаните достават доказ дека платиле данок во земја со која имаме потпишано договор за одбегнување на двојно одночување, нема да треба да платат ништо. Но, во земјите каде данокот на доход е нула отсто, должни се да платат 10% од заработената бруто плата.
Петрова уверува дека законот не е ретроактивен, туку дека изминативе години некој ги толерирал овие лица. Целта, според неа е оданочувањерто да биде фер и никој да не се најде во привилегирана положба, без да ги плати давачките кон државата во која живее.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
