Loading Video...
Свет
26. јуни 2023 - 16:49

Укинат е притворот и пуштени се да се бранат од слобода тројцата косовски полицајци

Укинат е притворот и пуштени се да се бранат од слобода тројцата косовски полицајци откако претходно Вишиот суд во Краљево ги потврди обвиненијата против нив, објавија српските медиуми.

Тие се сомничат за кривичното дело „недозволено производство, чување и промет со оружје и експлозиви“ за кое е предвидена затворска казна 12 години.

Според официјален Белград биле уапсени на територијата на Србија, а пак Приштина тврди дека се киднапирани на Косовска територија.

Старо- новиот премиер на Грција Кирјакос Мицотакис положи свечена заклетва, откако неговата „Нова демократија“ убедливо победи на вчера одржаните парламентарни избори. Со освоени 40,5% гласови, речиси 23% повеќе од ривалот Сириза на бившиот премиер Алексис Ципрас, конзервативната партија предводена од Мицотакис со 158 пратенички мандати може сама да формира Влада.

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на јавноста, прв пат по бунтот на Вагнер, но зборуваше за Форумот на млади инженери велејќи дека тие и помагаат на Русија да се справи со економските предизвици.

Во меѓувреме во Москва и регионот укинати се антитерористичките мерки кои беа воведени откако платеничката војска предводена од Пригожин се закани и во колона забрзано се движеше кон главниот град.
Руските медиуми пишуваат дека кривичната постапка за бунт против шефот на Вагнер останува отворена.

30-минутна драма вчера се случувала во познатото грчко одморалише Ханиоти. Ветерот и морските струи два километри од брегот оддалечиле 2 годишно дете од СРбија кое било на гума за пливање.

Родителите и присутни на плажата почнале да пливаат до детето, но не успеале да стигнат бидејќи струите биле многу силни.

За среќа маж со скутер успеал да стигне до детето и безбедно го вратил на плажата.