-->
-->
Украина доби 3,9 милијарди долари од САД преку програмата на Светска банка
-->
Украина доби 3,9 милијарди долари од САД преку програмата на Светска банка, изјави премиерот Денис Шмихал.
Ова е прва транша во 2024 година според новиот финансиски договор меѓу Украина и Светска банка објавен неколку дена претходно.
„Ова е прва транша од финансиската помош за буџетот што САД ја даваат во 2024 година. Украина ќе добие вкупно 7,8 милијарди долари под форма на директна буџетска поддршка од САД оваа година. Ова ќе ни овозможи самоуверено да го поминеме овој финансиски период“, напиша украинскиот премиер на Телеграм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе, меѓу жртвите има и малолетни лица | ВИДЕО
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик