Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони

Воените сили на Украина во текот на ноќта и утрово извршија напади врз повеќе руски градови и региони, а меѓу целите беа Москва, Чебоксари, Новокујбишевск, Ростовската област, како и објекти на инфраструктурата во Владимирската област, соопштија руските власти.
Силите за противвоздушна одбрана на руското Министерство за одбрана одбија напад од четири дрона, соопшти утрово градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. „Службите за вонредни состојби работат на местото на падот“, напиша Собјанин на социјалните мрежи. Според него, во текот на ноќта и утрото биле соборени вкупно 12 украински беспилотни летала.
Шефот на Чувашката Република, Олег Николаев, утрово соопшти дека Чебоксари бил погоден од ракетен напад и оти бројот на жртви и оштетени објекти сè уште се утврдува. Тој додаде дека сите служби за итни интервенции работат на лице место, како и дека ракетна закана и понатаму постои во регионот.
Украински напад со дрон во руската Владимирска област предизвика пожари на два инфраструктурни објекти, изјави утрово гувернерот Александар Авдеев. „Како резултат на нападот со дрон, избија пожари на два инфраструктурни објекти во Каменсковскиот и Александровскиот округ“, соопшти Авдеев на социјалните мрежи. Тој додаде дека во нападот нема жртви и оти Министерството за вонредни ситуации и Руската национална гарда веќе работат на терен.
Со дронови во текот на ноќта беше нападнат и Новокујбишевск во Самарската област. Според прелиминарните информации на руските власти, еден дрон паднал на територијата на претпријатие, по што избувнал пожар.
Последиците од ноќниот украински напад со дрон врз Ростовската област се отстранети, соопшти утрово гувернерот Јуриј Сљусар. „Пожарот во Милеровскиот округ е целосно изгаснат. Луѓето се вратија во своите домови. Нема повредени. Пожарот на шумското земјиште во Шолоховскиот округ, кој беше предизвикан од пад на дрон, исто така е целосно ликвидиран“, напиша регионалниот гувернер на социјалните мрежи. Претходно беше објавено дека се запалил резервоар за гориво во цивилен објект во Милеровскиот округ.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
