Унгарската полиција уапси седум лица за перење пари, водачите на мрежата се во бегство

Унгарската полиција уапси седум лица осомничени за перење пари во рамките на меѓународна криминална организација, додека двајцата наводни водачи сè уште се во бегство, објави истражната канцеларија КР ННИ.
Според полицијата, криминалната мрежа перела пари од меѓународната трговија со дрога и други криминални активности, користејќи ја Унгарија како транзитна точка, објави МТИ.
Истражителите изјавија дека осомничените, меѓу кои и Талал Марадини и Јусеф Махмуд, ги префрлале нелегално стекнатите пари во Турција, Кипар и Грција.
Според полицијата, готовината била транспортирана во возила или во авионски багаж, честопати вакуумски спакувана и скриена меѓу лични предмети, а некои пратки достигнувале и до неколку стотици илјади евра.
За време на полициските рации, запленети се телефони, компјутери, документи, возила, како и значително количество готовина и имот, додека дел од средствата биле замрзнати на банкарски сметки.
Судот нареди притвор за седум осомничени, додека некои од нив се под кривичен надзор или се задржани со кауција.
Истрагата продолжува, а издадени се потерници за двајцата главни осомничени.
МИА
Ново на Сител
-

Утре средба Сиљановска-Давкова – Јотова во Софија, премиерот претпазлив
-

Снимки од заѕиданите пари: Обвинителството ги откри врските Ристов–Стафа–Пецов
-

Државата најверојатно сама ќе го гради Чебрен и Галиште
-

Нов клинички кај ГОБ “8 Септември”, а Медицинскиот факултет останува на сегашната локација
-

Владата најави мерки за граѓаните од следниот месец, ако цените продолжат да растат
-

Законот за заштита од пушење на цигари веќе е во собраниска процедура
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
