Унгарскиот премиер потврди дека братот на Виктор Орбан е приведен

Унгарскиот премиер Петер Маѓар потврди дека братот на неговиот претходник Виктор Орбан е приведен како дел од истрагата за шверц со луѓе. Маѓар го коментираше апсењето синоќа во Берлин откако унгарското антикорупциско тело објави дека привело четири лица и претресло неколку куќи во Будимпешта како дел од истрагата.
„Тројца од поранешните министри на Орбан веќе се приведени“, рече Маѓар на маргините од својот говор во германската престолнина.
„Неговиот брат веќе беше приведен денеска“, додаде тој, осврнувајќи се на 49-годишниот Арон Орбан, брат на поранешниот премиер.
Виктор Орбан го критикуваше апсењето на својот брат како политичка одмазда.
Националната канцеларија за враќање и заштита на средства (NVVH) не ги идентификуваше приведените осомничени во соопштението објавио вчера. Телото е формирано за да ги истражи наводите за корупција за време на 16-годишното владеење на Орбан.
Канцеларијата е основана од Маѓар, кој го собори Орбан на изборите во април, и е клучен дел од кампањата на Маѓар против корупцијата.
Според соопштението, четворица осомничени се приведени под сомнение дека им помагале неколку месеци на виетнамски државјани да дојдат во Западна Европа во 2024 година.
Двајца поранешни министри од владата на Орбан и поранешниот шеф на централната банка, Ѓерѓ Матолчи, моментално се под истрага за обвиненија за поткуп во одделни истраги.
МИА
Ново на Сител
-

Гужви во пунктовите за имунизација со деца од градинки кои не примиле МРП вакцина
-

Светска недела за подигнување на свесноста за малнутриција
-

Ветеринарните друштва преку мирен протест предупредија дека секторот е пред колапс
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена
-

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Алта банка
-

Единствени испрани пари се на СДСМ преку Еуростандард банка
-

Минчев: Се професинализира администрацијата
