УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти

Бројот на луѓе што се вратиле во своите земји по претходно раселување поради воени конфликти е зголемен во 2024 година, соопшти денеска Агенцијата за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР), означувајќи редок позитивен тренд наспроти континуираното насилство во светот.
Според годишниот извештај „Глобални трендови“ на УНХЦР, во 2024 година се вратиле 1,6 милиони бегалци – најголем број во последниве две децении. Значителен раст е забележан и кај внатрешно раселените лица, со втор највисок број на враќања во земјата.
Трендот продолжил и во почетокот на 2025 година, особено со зголемениот број на враќања во Сирија по падот на режимот на Башар ал-Асад во декември 2024 година, рече високот претставник на УНХЦР, Филипо Гранди.
Агенцијата проценува дека речиси два милиона Сиријци се вратиле во својата земја, која претходно беше разурната од граѓанска војна. Гранди ова го оцени како „знак на надеж“.
До крајот на април 2025 година, вкупниот број на раселени лица во светот изнесувал 122 милиони, во споредба со 120 милиони една година претходно. Од нив, 60 отсто се внатрешно раселени, а две третини од оние што ја напуштиле својата земја живеат во соседни држави, наведува УНХЦР.
Во текот на целата 2024 година, бројот на раселени пораснал за седум милиони и достигнал 123,2 милиони лица.
– Главни причини за раселување и натаму се големи конфликти како оние во Судан, Мјанмар и Украина, како и неспособноста да се запре насилството – истакна Гранди.
Многумина што се вратиле во своите земји затекнале разурнати домови и инфраструктура. „Како последица на тоа, дел од нив би можеле повторно да бидат принудени да заминат“, додаде тој.
До крајот на 2024 година, Судан ја престигна Сирија како земја со најголем број раселени лица, поради жестоката борба за власт меѓу владините сили и бунтовничките групи.
Во Судан се раселени 14,3 милиони луѓе, во Сирија 13,5 милиони, во Авганистан 10,3 милиони, а во Украина 8,8 милиони.
Германската министерка за развој, Реем Алабали-Радован, изјави дека земји како Јордан, Либан, Етиопија и Кенија поднесуваат најголем товар и притоа вршат исклучителна работа.
Ново на Сител
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви
