УНИЦЕФ: За седум дена на Блиски Исток загинале околу 200 деца

Речиси 200 деца се убиени на Блиски Исток од почетокот на американско-израелските напади врз Иран, соопшти Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ).
Најмалку 181 дете се убиени во Иран, седум во Либан, три во Израел и едно во Кувајт.
Децата не ги почнуваат војните, но за нив плаќаат неприфатливо висока цена. Воената ескалација на Блиски Исток веќе имаше разорно влијание врз децата, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.
Според Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), на 28 февруари, првиот ден од нападите на САД и Израел врз Иран, беше погодено училиште за девојчиња во Минаб во јужен Иран, при што загинаа најмалку 175 ученички.
Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, ги обвини САД и Израел за убиството на ученичките.
Израелската војска тврди дека немало израелски или американски напади во областа, а САД тврдат дека напаѓаат само воени цели, а за нападот во Минаб најавија истрага.
Ново на Сител
-

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“
-

Облачно со повремен дожд во наредните два дена, од вторник сончево и тивко
-

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата
-

„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
