Универзитетот „Гоце Делчев“ прослави 15 години постоење
Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ одбележа 15 години од своето постоење. Македонија и градот Штип добија високо школска установа од врвен квалитет, која може да се спореди со било кој европски универзитет и која на студентите им нуди реално знаење, а не импровизации, истакна ректорот Блажо Боев.
-Ова е една од поубавите работи што можела да му се случи на градот Штип. Не е исто да имате и да немате Универзитет. Ова е универзитетски град, се градат традиции, се гради критично мислење, во делот на културата, во делот на идентитетот и мислам дека е извонредна прилика за овој град- изјави Блажо Боев, ректор на УГД Штип.
Дека Универзитетот во изминатите 15 години го смени карактерот на „градот под Исарот“, согласен е и градоначалникот Иван Јорданов.
-Навистина значи многу за нашиот град и посакувам светла иднина, многу успешни студенти кои ќе произлезат од овој Универзитет, кои ќе дадат додадена вредност на градот од секој аспект- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Досега со академски дипломи се стекнаа 10-тина илјади македонски студенти, а во моментот студираат околу 500 студенти од странство.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар